Здравје // Рецепти
БРАУНИ ОД ЛИМОН ЗА СОВРШЕН ВИКЕНД: Кремаст и сочен - неодолива комбинација од сладок и кисел вкус
- 15 Јуни, 2025 14:33
Лесно и сочно, совршено за топлите летни денови.
Потребно е:
*100 г брашно
*150 г шеќер
*прстофат сол
*2 јајца
*кора од еден лимон
*2 лажици сок од лимон
За прелив:
*100 г шеќер во прав
*3-4 лажици сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте брашно, шеќер и сол во сад. Изматете ги јајцата, кората и сокот од лимон со жица за матење. Соединете ги двете смеси, па истурете во тава обложена со хартија за печење. Печете околу 20 минути, во рерна загреана на 180 степени. Измешајте шеќер во прав со сок од лимон. Прелијте ја глазурата врз колачот.