Животна училница // Приказни
Планирате одмор на македонските плажи? Еве колку чини лежалка во Охрид, Струга, Дојран и Преспа!

Некаде лежалките се бесплатни, некаде за 150 денари добивате само лежалка, а има и опција за истите пари да добиете и лежалка и пијачка.
Во Охрид лежалките чинат 150 денари, без пијачка. Од угостителските објекти велат дека планираат и натаму во шпицот на сезоната цена да остане иста. Додаваат дека цената е идентична како лани и според нив е солидна и не е висока за туристите.
Во Дојран, за истите пари имате лежалка и пијалок. Таа цена важи сега, но натаму може да се зголеми.
„Во Дојран лежалките чинат 150 денари, со пијачка. Засега е таа цена, може да оди 20 денари поскапо, до 170 денари, сосе пијачка, кафе, вода, сок или пиво. Имаме 4 плажи, цените се слични, тука некаде се“, додаваат од дојрански кафе-бар.
Повеќе прочитајте на ФАКТОР.