Животна училница // Приказни
МИНИ ЛЕТОТО КАЈ НАС ПРОДОЛЖУВА - Североисточна и Источна Европа се подготвуваат за првиот студен бран и првиот снег
- 08 Октомври, 2023 15:38

Источно и североисточно од нашите краишта поларниот вртлог кој ќе се спушти особено денеска и во понеделник локално ќе го донесе и првиот снег и на некои пониски места. Температурите драстично ќе се намалат, понекаде се очекува и мраз. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Од друга страна, кај нас во регионот, но и во Македонија не се очекува некоја поголема промена на времето, освен краткотрајно силен северен ветер и пад на температурите за неколку степени, по што продолжува така нареченото “Мини лето”. Сепак наутро останува студено.