Најлошата честитка на сите времиња: Свекрвата ги потсети колку пари и должат

Добивај вести на Viber

Една жена откри на ТикТок дека била бесна на свекрвата откако им испратила Божиќна честитка со детален список на сè што потрошила за нив во 2020 година.

Таа исто така додаде дека ова не и е прв пат.

Жената објави видео од нејзината Божиќна честитка на ТикТок со претходно напишана порака за празникот. Сепак, во честитката свекрвата го додала и сопствениот список со сè што потрошила на нив оваа година.

„Значи, ова е мојата свекрва. Сакам да го споделам ова видео со вас само за да ве потсетам дека нема потреба секогаш да добивате или да подарите Божиќен подарок“ - рече таа.

„Наместо само да каже дека не може да купи подарок или дека дала повеќе од доволно оваа година, таа ќе испрати честитка. А, во неа ќе ги напише сите сметки што ги плати за нас и ќе додаде „Среќен Божиќ“ - додаде оваа жена.

@sageandwine

Here’s one of THOUSANDS of stories.

original sound - user3837793390001

Таа откри дека нејзината свекрва им помагала финансиски, откако останале без работа - и дека не можела да одолее да ги потсети на тоа.

„Таа можеше да испрати само честитка без да нè потсетува“, додаде таа.

Нејзиното видео има повеќе од илјада споделувања, а многумина ја осудија нејзината свекрва за потсетување на нејзината помош, пишува The Sun.