Најлудата љубовна приказна ја има Гоца Тржан: Ги купил сите карти за концертот, за таа да пее само за него (ФОТО)

Приказната за Гоца Тржан од почетокот на нејзината кариера ја претставува најлудата љубовна приказна која сме ја слушнале.
Пејачката Гоца Тржан закажала свој солистички концерт во Сава Центар во 2001 година, а сите билети ги купило нејзиното тогашно момче, бизнисменот Дејан Драгојловиќ. Тој сакал да пее само за него.
- Влезниците за првиот ден во Сава Центар се купени два дена по закажаниот концерт. Тој го направи тоа за мене. За мене како жена – објасни еднаш Гоца во емисијата „Из профила“.
Сепак љубовта помеѓу Гоца и Дејан не траела, а изгледа наместо убави спомени останале сериозни кошмари. Имено, Гоца во 2017 година зборуваше за многу тежок период во нејзиниот емотивен живот, пред бракот со Иван Маринковиќ, иако никогаш не кажа од кого претрпела насилство. Сепак, многумина го поврзаа Драгојловиќ со таа приказна.
- Да сакав да се знае кој е, ќе го кажев тоа отворено. Тоа е дел од мојот живот, мојата личност, она што верувам дека откако го преживеав, ме научи на нешто. Не е важно кој го направи тоа, туку дека преживеав и како се борев - изјави Гоца за медиумите.
Инаку, Драгојловиќ е уапсен во рамките на акцијата „Раков“, бидејќи бил осомничен дека е вмешан во измама со набавка на апарати на Институтот за онкологија и радиологија. Сепак, тој беше ослободен во 2016 година.
извор:stil.kurirДолга темна коса, интензивна шминка и рок стил: Дали би ја препознале Гоца Тржан во вакво издание? (ФОТО)
Јас немам право да го задржувам сопругот покрај себе: Гоца Тржан по петтото неуспешно ин-витро
Oткако не ни успеа четвртото ин витро, размислувавме да посвоиме дете: Гоца Тржан по петти пат се обидува да забремени