Ние планираме, но Бог одлучува: Илда Шаулиќ ја отвори душата и проговори за загубата на бебето и нејзиниот татко

Добивај вести на Viber

Илда Шаулиќ има многу тежок период зад себе, бидејќи го загуби бебето, а се зарази и со коронавирусот.

Пејачката сега проговори за тоа што и се случувало изминатиот период.

- Имав исклучително лесни симптоми, два дена не чувствував вкус и мирис, тоа беше единственото нешто. Тоа траеше кратко, без пневмонија и кашлица, беше во најблага форма. Мојот случај беше многу благ - рече Илда за короната, а потоа зборуваше за загубата на бебето:

- Јас не сум некој што сака да се жали многу, но ете се случи, јас бев среќна, мислев дека ќе биде прекрасно, ние планираме, но Бог одлучува, решив да го споделам тоа, да информирам други луѓе. Избегнував да одговарам на прашања и да привлекувам внимание за тоа, мислам дека така беше паметно. Самите ние знаеме како се справуваме, секако е тешко, последиците остануваат, повеќе или помалку, но животот продолжува и мора да продолжиме понатаму.

Илда истакна дека таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ одлично се согласуваат, но дека тој не сака да се изложува премногу во јавност.

- Мојот сопруг и јас функционираме добро и убаво, се појавуваме кога треба, тој можеби не сака да биде изложен таму каде што не треба, но ја поддржува мојата работа - рече пејачката.

Инаку, нејзиниот татко, легендата на народната музика - Шабан Шаулиќ кој го изгуби животот на 17 февруари, 2019 година во тешка сообраќајна несреќа во Германија, на вчерашен ден требаше да го прослави 69-от роденден, а Илда Шаулиќ му посвети потресни зборови:

„Денес е твој роденден… Денес би се пееле најубавите песни… Те нема, но затоа остануваат спомените од среќните моменти што ги поминавме заедно, а еден од најсреќните во мојот живот беше кога ми се придружи на сцената за да ја пееме заедно оваа песна по повод десет години од мојата кариера. Ти благодарам што постоше и си мој татко. Илда те сака ”, напиша пејачката покрај фотографијата со нејзиниот татко.


Илда откри и што се случува со куќата на Шабан во Шабац, која треба да стане музеј.

- Куќата се уредува, но не знам дали ќе биде музеј како што беше моја желба, ќе видиме дали ќе биде тоа што го сакав - додаде Илда во емисијата „Премиера“.

извор:zenskikutak.rs / glossy.espreso.rs