Нова боја на македонската музичка сцена – ТЕГЕТ

Добивај вести на Viber

Има посебна убавина во најава на овој настан....ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев - гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски - тапани, Дориан Јовановиќ - бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов - коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника.Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и уникатност, заедно во нашето Скопје, на иста сцена, во име на и за музиката.  

На прашањето зошто ТЕГЕТ,Никола Коџабашија вели:

По созрцанието на АЛШАР ансамбл од 80-тите и 90-тите години, фурешкум, произлезе потреба за нов еклектичен музички вознеж. Тој се манифестира апансас како нова ТЕГЕТ варијациа на Белите мугри.

Веруваме дека овој Експериментален Ансамбл ќе ја збогати националната музичко-културна архива, и ќе даде свој придонес за македонската музичка и културна сцена, воопшто. 

За рамнодушност нема место. Примамливо зa секого, а особено за музички едуцираната публика, овој приказ на креативноста, интуитивноста, амбицијата, упорноста и желбата за креација, за создавање нешто ново, носи надеж дека ќе инспирира и мотивира многумина понатаму.

Да нурнеме заедно во светот на ТЕГЕТ, да ја исполниме оваа вечер со музика, емоција, енергија и да создадеме незаборавно доживување во вторник на 09.09.2025 во Кино Фросина (МКЦ), со почеток во 21.00 часот. Не пропуштајте !

Билети во продажба на www.mktikets.mkпо цена од 500 МКД.