Новата учебна година ќе започне во октомври: ЈСП Скопје од утре со бесплатни возења за средношколци

Добивај вести на Viber

Според последните информации до Министерството за образование и наука, средношколците новата учебна година ќе ја следат онлајн. И исто така новата учебна година поради пандемијата од корона вирус ќе започне на 01 октомври, не како и секоја година на 01 септември. Сепак од ЈСП Скопје денес преку соопштение информираа дека од утре повторно ќе важат бесплатните возења за средношколците.

„Од утре, вторник (1.09.2020 год) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз“, соопштија од ЈСП - Скопје. 

Пред три месеци се ставија повторно во функција бесплатните билети за возење во ЈСП за студенти, но сеуште важи забраната, односно укинувањето на бесплатното возење во автобусите на Јавното Сообраќајно Претпријатие за возрасни лица.