Новиот најубав пар на светот: Познатата актерска двојка по неколку месеци криење, гордо покажаа дека се заедно (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Со месеци се шпекулираше дека се во врска и ги гледаме заедно, но сега тие решија да се држат за рака и да ја покажат својата љубов и среќа.

Згодниот актер Ченинг Тејтум (41) и актерката Зои Кравиќ (32) се среќно заљубени!

По неколкумесечни гласини и слатки папараци фотографии на кои заедно се шетаат низ Њујорк, како и откако беа фатени како заедно ја напуштаат Мет Гала, парот се држат за раце и со тоа ги потврдија озборувањата.

Актерот носеше крем дуксер и црна тренерка, додека Зои изгледаше убаво без шминка, во широки фармерки, чизми, беж ролка и црно палто. Тие разговараа, се гушкаа, се држеа за раце, се смееја, а потоа отидоа на ручек во кој уживаа скриени од фоторепортерите.Татум и Зои наводно се зближиле додека работеле на Пуси Ајленд, режисерското деби на Кравиќ. За нивната врска почна да се шпекулира откако се дозна дека актерката се разведува од Карл Гласман.

Озборувањата за нивната врска првпат се појавија во јануари, само неколку дена откако Зои поднесе барање за развод од актерот Карл Гласман по две години брак.
Ченинг, пак, во октомври раскина со британската пејачка Џеси Џеј, со која беше во врска откако се разведе од актерката Џена Дуан.

Неколку пати сме ги виделе Ченинг и Зои заедно во убави ситуации, а летово големо внимание привлекоа фотографиите на кои ги видовме како заедно возат велосипед.

View this post on Instagram

A post shared by @dailycelebrity3


извор:GLOSSY