Од патувања до карантин и нов стан: Миа Костова направи ретроспектива на 2020 година

Добивај вести на Viber

Слободно можеме да кажеме дека турбулентната 2020 година веќе е зад нас. Годината во која сите помалку или повеќе се соочивме со разни предизвици, но и доживеавме многу убави работи - љубов, нов дом, нов член во семејството, нови пријатели, успех во работата...

Овој ден е идеален за една ретроспектива на таа година, ден погоден за да се соберат сите убави и лоши работи од минатата година, ден за ставање на црта во старата книга насловена „2020 година“ и испишување на страниците од новата - „2021 година“.

Една таква кратка ретроспектива направи и познатата водителка и инфлуенсерка, а од неодамна и јутјубер Миа Костова. За секој месец одбра по една фотографија, видео, односно настан и со краток опис на истиот ја опиша изминатата година од сопствена гледна точка.

Како и помина 2020 - та на Миа, погледнете во галеријата во продолжение: