Од трње до ѕвезда: Се појавија фотографии од позната манекенка од детството! Вистинска убавица!

Манекенката Ирина Шајк важи за најуспешна манекенка на
денешницата, а малкумина знаат како изгледала оваа убавица како дете.
Ирина е родена во 1986 година во мало гратче во Русија, а својот егзотичен и впечатлив изглед го наследила од нејзиниот татко со татарски корени и нејзината мајка Русинка. Татко ѝ Валери по професија бил рудар, а мајка ѝ Олга професорка по пијано.
Оваа зеленоока убавица не ни помислувала дека во својот живот може да се занимава со манекенство или каква било работа поврзана со модата до својата 19-та година. Почнала да свири пијано на шестгодишна возраст, со надеж дека еден ден ќе стане позната пијанистка. Ирина во своите интервјуа секогаш нагласувала дека имала тешко детство, дека била грдото пајче на училиште, дека пријателите ја задеваале поради нејзиниот потемен тен, кој го наследила од нејзиниот татко. Таа откри дека пријателите добронамерно ја советувале да се здебели за да биде поубава, но таа не сакала бидејќи била задоволна со својот изглед. Момчињата дури ѝ рекле дека наместо нозе има чепкалки за заби.
Кога имала 14 години, поради компликации со пневмонија, татко ѝ починал, а таа, заедно со нејзината сестра и мајка, останале во длабока сиромаштија. Мајка ѝ морала да работи на две работни места за да ги нахрани Ирина и Татјана. Тоа биле тешки години за неа и за нејзиното семејство, додека еден ден нејзината сестра Татјана не решила да оди во локално училиште за убавина и моделирање. Кога се пријавувала Татјана, агентот на агенцијата ја забележал Ирина и ја убедувал да се пријави на локалниот избор „Мис Челјабинск“ во 2004 година. Иако донекаде била несигурна за својата тежина, која изнесувала 54 килограми, таа се пријавила без да се надева на успех. Сепак, Ирина го добила тој натпревар и тоа било само првиот чекор во нејзината успешна кариера. Тоа било моментот кога таа требало да избере помеѓу продолжување на студиите на универзитет и кариера како модел. Финансиските недостатоци во семејството ја навеле да ја избере втората опција.
- Бевме многу сиромашни. По училиште, сестра ми и јас и помагавме на мама во градината. Одгледавме компири, краставици, домати. Но, не за забава, туку за да јадеме нешто. Сакав да станам новинар, но како и да изгледав во иднина, сигурно знаев дека ќе го напуштам родниот град. Чувствував дека тоа е мојата судбина – признала Ирина во едно интервју.
Ирина отсекогаш била убавица, а доказ за тоа се фотографиите од нејзините тинејџерски денови.
Фото: Instagram