Останала без татко кога имала само две години, живеела во безбедна куќа со 12 семејства: Тешката судбина на српската пејачка

Добивај вести на Viber

Дека животот на познатите не е само мед и млеко, докажува и животната приказна на оваа млада пејачка...

Животната драма на Александра Бурсаќ започнала кога имала само две години.

Нејзиниот татко тогаш настрадал во операцијата „Бура“, а бидејќи била многу малечка, Александра не го памети.

„Ако се сеќавав на него, можеби ќе ми беше потешко, а вака спомените ги градам врз основа на приказните за него и благодарна сум ѝ на мојата мајка поради тоа“ - откри неодамна Александра.

Според приказната на мајка ѝ, Александра многу личела на татко ѝ, како по карактерот, така и физички.

„Таа вели дека ја имам неговата насмевка, всушност таа некоја полунасмевка и тврдоглавост, но вели и дека сум добар човек како него.“

Откако таа, мајка ѝ и сестра ѝ се опоравиле од трагичната загуба, привремен дом им била безбедносната куќа, во која живееле со уште 12 семејства. Сепак, тој период од животот во Александра не буди лоши, туку убави спомени.

„Имаше многу деца и потоа тоа премина во позитива и радост. Имавме сè и се дружевме“ - изјави пејачката своевремено.

На неволјите на Александра тука не бил крајот. Доживеала голема љубовна несреќа кога нејзиното долгогодишно момче, односно вереник ја изневерил, што тешко го поднела, а во пресрет на новогодишната ноќ 2021 година, нејзиниот стан бил ограбен.

„Бев на прослава со пријателите, кога си дојдов, вратата од станот беше отворена, не знам што ми беше, но влегов без страв, знаев дека нешто лошо се случило, го видов станот растурен, ми украдоа сè што ми беше вредно. Најважно ми е што не ги сретнав и што главата ми е уште на раменици“ - наведе тогаш пејачката.