Откри трик совет доколку чувствувате глад: Еве што јаде Цеца за да остане во форма

Добивај вести на Viber

Светлана Цеца Ражнатовиќ отсекогаш важела за една од најубавите пејачки на домашната јавна сцена, а во интервју за Информер го открила својот план на исхрана.

Како што претходно изјавила, Цеца имала проблеми со тежината, и поради тоа морала да преземе одредени мерки.

- Никогаш немав проблем со мојата тежина, бидејќи мојата генетика е одлична. Сепак, пред некое време почнав да се здебелувам. Се соочив со себеси и си реков дека сакам, пред сè, да живеам поздраво! Посетив еден одличен нутриционист, кого го познавам со години преку заеднички пријатели. Таа постојано ми велеше: „Дојди, Цеки, да ти ја корегирам малку исхраната“, а јас секогаш наоѓав изговори дека не ми треба. Бев убедена дека се хранам здраво, и со сето тоа, постев секој пост. На крајот, сфатив дека сакам промена, ја повикав и заедно направивме план според кој јадам. Бидејќи сакам месо и салати, мојата исхрана се базира на тоа - почна Цеца, а потоа продолжи:

- Првата недела ми беше најтешка бидејќи е многу важно во кое време јадам. Не ми беше лесно да го избалансирам времето за оброци со моите работни обврски. Имено, помеѓу оброците мора да поминат најмалку три до четири часа. Но, сè помина непречено после тоа. Се навикнав на таа диета и сега не знам како би се справила поинаку - објаснува пејачката.

Здрав пудинг

- Кога ми се јаде нешто благо, го јадам, но според рецептот на нутриционистот. Верувале или не, постои рецепт за здрав овошен пудинг. Исто така е важно да се биде умерен во сè. И ако јадете нешто што не треба, важно е да се вратите на вашиот режим утре, а не да кажете: „Ќе го правам тоа од понеделник“.

Освен што ја променила исхраната, пејачката почнала и со тренинзи.

- Бидејќи не сум љубител на вежбањето, го најдов најдобриот начин да останам во форма без да морам да ја оставам душата во теретана. Ги открив шармот на EMS тренингот - носиш одело низ кое поминува електрицитет. Тие тренинзи траат половина час, го вежбате секој мускул, а резултатите се одлични - откри Цеца за „Хит Информер“.

Мени

Појадок: Овесна каша со овошје и семки од чиа

Ручек: риба и зелена салата

Вечера: Супа од тиква

ТРИК СОВЕТ: Ако чувствувате глад, испијте чај од ѓумбир бидејќи ви дава чувство на ситост.

Фото: Инстаграм
Извор: Informer.rs