Отворен Штип Сити Мол: Првиот трговски центар во Источна Македонија официјално отворен за посетители од целиот регион

Со свечено сечење на лента и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија - Штип Сити Мол.
На вкупна површина од 12.780м², распоредени на 5 нивоа, Штип Сити Мол нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата идеја за еден светски мултифункционален објект и се очекува да стане најголема и најпосетувана атракција за целиот регион.
"Дека потребата од трговски центар од ваков тип во Штип и во регионот е голема, покажаа уште еднаш сите граѓани кои денеска дојдоа заедно да го означиме почетокот на овој голем проект. Целата наша напорна работа во изминатиот период, посветеноста на сите вклучени страни, сите предизвици со кои се соочивме, се исплатеа за денес да имаме готов проект кој на 100 000 граѓани од целиот регион ќе им пружи незаборавно шопинг искуство, но и место за забава и дружба. Ова е само почетокот на една убава приказна која и ја посветуваме на градот Штип и заедно со сите вас ќе продолжиме да ја градиме." - изјави Горан Јордев, сопственик на Штип Сити Мол.
Штип Сити Мол како најголем и најмодерен трговски центар во регионот претстава голема инвестиција која, со околу 250 директни вработувањa придонесува за развој на економијата во целиот источниот регион, а особено во градот Штип.
*пр објава