Пејачот Филип Божиновски стана татко: Денес слави и роденден

Добивај вести на Viber

Пејачот Филип Божиновски, познат од шоуто „М2“,  “Ѕвездите на Гранд“ и по успехот на “Валандовскиот фолк-фест“, стана татко.

Среќната вест за приновата ја сподели вчера на Фејсбук откривајќи дека неговата сопруга Сања му родила ќеркичка, ден пред неговиот роденден.

Филип напиша:
„24 АВГУСТ.. ден пред мојот роденден си добив НАЈУБАВ ПОКЛОН 
Чувството неее се опишува..емоции кои неможат да се објаснат со зборови.
Мојата Сања Митровска ми РОДИ ЌЕРКА
Станав ТАТКО
Новото поглавје во нашиот живот допрва почнува“ - откри пресреќниот татко кој денес слави роденден.

Инаку Филип е во брак со Сања две години, од  30.09.2018.