Поголема плата во јавната администрација по заслуга: Нема веќе раководител до пензија

Добивај вести на Viber

Владата ќе ја намалува администрацијата, ама и ќе им ја зголемува платата на вработените во јавниот скетор кои ќе заслужат -  дополнителни пет проценти како додаток на плата по заслуга. Ова е дел од програмата на Владата за следниот мандат од 2020 до 2024 година. 

„Нов концепт во средниот менаџмент - нема повеќе раководители до пензија! Целта е да воспоставиме нов систем за раководителите од среден ранг, заснован на темелни анализи и најдобрите европски практики, кој ќе обезбеди поголема мобилност и посилна мотивација за постигнување на подобри резултати, пишува во прграмата и се додава дека повисоки плати кои ќе бидат награда за резултат ќе добијат сите вработени во институцијата.

„Ќе можат да добијат додатоци од 5 проценти на плата доколку ги постигнат целите кои на почеток на година Владата ќе ги утврди како нивна задача. На овој начин ќе се стимулира администрацијата да го даде својот максимум, а од друга страна и јавноста и бизнисот нема да имаат впечаток дека даваат повеќе пари за одржување на скап и бавен апарат, предвидува програмата.

Досегашниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, денеска на прес –конференција на новинарско прашање, одговори дека оние вработени во администрацијата, кои поради епидемијата на корона вирусот до сега седеа дома, а платата им течеше редовно, ќе бидат распределени на работни места.

-Ако некој од административните вработени кои се уште не се распределени, одбијат да работат онаму каде што ќе бидат упатени, тогаш нивните договори ќе бидат прекинати, изјави Манчевски.

Во пензија пет години порано: Ќе се менува законот