Поранешна пријателка на Меланија Трамп со сочни детали за првата дама: Книгата „Меланија и јас“ открива многу

Меланија изговорила најтешки зборови за Иванка Трамп, а нивната врска отсекогаш била многу напната.
Книгата „Меланија и јас“ - подемот и падот на моето пријателство со првата дама, напишана од поранешна пријателка на Меланија Трамп, Винстон Волф, денес ја виде светлината на денот.
Во оваа книга поранешната советничка на Првата дама на Америка, тврди дека има снимки во кои Меланија дава навредливи изјави за членовите на семејството Трамп, пред се за ќерката на Доналд Трамп, Иванка.
Видеото каде Меланија го менува изразот на лицето од кога ќе пристигне ќерката на нејзиниот сопруг, стана вирално со брзината на светлината.
Според бившата пријателка, Меланија била особено лута кога сфатила дека Иванка организира неколку настани кои дотогаш беа исклучиво под јурисдикција на првата дама. Таа дури и не сакала да соработува со дизајнерите кои работеа со Иванка.
Според „Дејли меил“, оваа книга открива повеќе сочни детали за студената врска меѓу првата дама и Иванка Трамп.
Имено, Меланија секогаш ги превртувала очите кога Иванка зборувала дека ќе биде првата американска претседателка, и мрморела:
„Не, благодарам“, тврди Винстон Волф во својата нова книга.
„Во исто време, Меланија сакаше мир и ред во нејзиниот нов дом, што го спореди со циркус предводен од Иванка “, се вели во книгата.
Покрај тоа, се вели дека Меланија самата се сметала за модерна Џеки Кенеди и дека сакала да ги врати софистицираноста и елеганцијата во Белата куќа затоа што чувствувала дека и недостасува женска рака.
Покрај тоа, авторот на оваа книга наведува дека Меланија своевремено ги опишала Иванка Трамп и другите членови на семејството како змии.
извор:stil.kurir.rs