Позитива на денот: Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста!

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук, денеска соопшти прекрасна вест.

Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста! Таа се лекуваше на хематолошкото одделение на Клиниката за детски болести. Во месецот посветен за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти, Хилал заминува дома. Септември е „златен” месец, а златната лента е симбол за поддршката на децата болни од рак и нивните родители. Златната боја е боја на храброста и упорноста. Огромна благодарност до детската клиника за неисцрпната сила што ја даваат во третманот на нашите мали, големи херои! 

*Видеото е одобрено од родител.