Познатата српска водителка наполни 40 години, па реши да стави силикони: Во болница за неколку дена

Добивај вести на Viber

- Јас не сум личност што го крие тоа, бидејќи сметам дека секој треба да го смени тоа што не му одговара - рече Јаковљевиќ

Водителката на „Задруга“ и едно од заштитените лица на Пинк телевизијата, Душица Јаковљевиќ, пред неколку дена го прослави својот 40-ти роденден.

Родителите ја изненадија со роденденска торта на полноќ, а ден подоцна таа направи голема забава на која присуствуваа пријатели од сцената.


Шармантната водителка, позната по тоа што ги изразува своите ставови без двоумење, откри што сака да промени во себе.

- Одамна сакав да ги променам градите, и благодарение на еден лекар, ќе го сторам тоа за неколку дена - рече Јаковљевиќ и додаде:

- Јас не сум личност што го крие тоа, затоа што сметам дека секој треба да го промени она што не му одговара - заклучи водителката.


Инаку, Душица никогаш не криеше дека сака естетски зафати, па отворено зборуваше на социјалната мрежа Инстаграм за корекција на брчките, јаболкниците и усните со филери и ботокс.

Душица поради својот младешки и природен изглед добива по неколку комплименти на Инстаграм од фановите секој ден.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Ботокс, филери или нешто друго: Што се случува со лицето на Саша Ковачевиќ?