Ѝ прогнозираа сјајна кариера, а таа почина на 22 години: Нејзиното тогашно момче никогаш не успеа да прежали зошто не се венчале

Поминаа 21 година од трагичната смрт на никогаш прежалената пејачка Алијах, но и по толку години нејзините песни сѐ уште се слушаат и се паметат.
Загинала на само 22 години, а животот го загубила во трагична авионска несреќа кога се урнал авионот со кој патувала, во која животот го загубиле уште осум лица.
Нејзиниот деловен живот веќе бил исполнет со огромни успеси и достигнувања во светот на музиката, а била среќна и во приватниот живот, особено кога станува збор за љубовта. Продуцентот Дејмон Деш, со кој тогаш беше во врска, во неколку наврати проговори за нивната љубовна приказна и откри уште еден непознат детал од нејзиниот живот.
Денес, успешен медиумски тајкун, претприемач и филмски продуцент, Дејмон излегувал со пејачката една година пред несреќата. Се запознале на кошаркарски натпревар, веднаш се појавиле искри меѓу нив, но сепак решиле да бидат добри пријатели.
Имено, тој открил дека она што дополнително ги поврзувало и зближувало е читањето книги. Нивните интелектуални разговори и дискусии едноставно ја зајакнале нивната врска.
– Оттогаш станавме неразделни – признал Дејмон и додаде дека сепак решиле да и дадат шанса на својата романса која е во подем.
Денес, 51-годишниот Дејмон тврди дека не може да биде поблагодарен што успеале да создадат незаборавна врска далеку од љубопитните очи на јавноста и откри како во еден момент сакале да се венчаат, но сфатиле дека брзаат. Така се договориле да живеат заедно шест месеци и да видат дали можат да се толерираат, а ако можат и да се венчаат. За жал, тој план никогаш не се остварил и тие не можеа да се венчаат.
Дваесет години по смртта на неговата сакана, Дејмон жали што не создале повеќе спомени заедно. И двајцата биле зафатени, амбициозни, работеле на многу проекти, па немалевреме да бидат заедно колку што сакале. Но, кога биле еден до друг, тоа било време за паметење.
- Секогаш прекрасно си поминувавме кога се гледавме, секогаш се беше некако свежо - изјави тој.
Денес го теши помислата дека Алијах стана ангел кој бдее над него, неговото семејство и пријателите.
На тој кобен ден, таа го завршила снимањето на својот последен спот на Бахамите за синглот „Rock the Boat“ и се враќала дома во САД, но во авионот во кој била имало повеќе работи од дозволеното и повеќе патници од дозволеното за транспорт. Освен неа, животот го загубија осум членови од нејзиниот тим, а на само 60 метри од местото каде полетале.
Резултатите од истрагата за несреќата покажале дека пилотот ги фалсификувал потребните сертификати за да добие дозвола за летање, а исто така било утврдено дека во моментот на несреќата бил под дејство на опијати и алкохол и дека го започнале патувањето ден порано од планираното што ги оставило во неверување и уште потажни нејзините најблиски и обожаватели.