Прослава во домот на поранешната бинго - девојка: Балони и подароци за малата Натали

Добивај вести на Viber

Поранешната манекенка и телевизиска водителка Натали Грубовиќ, која јавноста ја памети како едно од најзабележливите лица на бинго-емисиите, имаше семеен повод за славење.

Нејзината ќерка Натали наполни 8 години, а гордата мајка не го криеше задоволството. На Инстаграм стори, Натали сподели фотографија од роденденската прослава, на која се гледаат шарени балони, а нејзината ќерка седи помеѓу роденденските подароци.

Наталија веќе неколку години живее во Нови Сад, заедно со сопругот, бизнисменот Дрен Глушац. Двојката се венча во 2016 година и од тогаш живее повлечено, но хармонично, фокусирана на семејството и приватниот живот.

Ќерката на Натали, го носи нејзиното име Натали според прекарот кој ѝ го дал актерот Игор Џамбазов.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм