Првата дама на Албанија не ја интересира мода: Само сака сите девојки да го запаметат ова добро

Добивај вести на Viber

Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета е сè друго освен обична прва дама на земјата

46-гпдишната Моника Крјемади, може да застане рамо до рамо со нејзиниот сопруг, бидејќи таа е исто така член на парламентот и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција.

Студирала биохемија на ПМФ во Тирана, а потоа студирала во странство на завидни факултети се додека не го одбранила докторатот во родниот град. Таа е во брак со Илир од 1998-ма година и заедно имаат три деца - Бора, Бешар и Ера.

Сепак, оваа дама е специфична на многу начини. Иако важи за една од најубаво облчените жени во Албанија, таа не сака да се истакнува во таа смисла. Таа гордо ја одби титулата прва дама и ѝ ја остави на својата ќерка Бора затоа што верува дека има попаметни работи што треба да ги направи.

Потресна исповед за рак на грлото на матката

Бидејќи отсекогаш давала впечаток на силна и изнемоштена жена која нема намера да се трка со првите дами ширум светот во тоа кој ќе има поскап фустан или ќе патува повеќе, Моника отсекогаш поставувала приоритети - едукација и еманципација на жените.

Затоа ја шокираше албанската јавност кога во јули минатата година објави дека боледува од рак на грлото на матката и апелираше до родителите на девојчињата колку е важна вакцината против вирусот ХПВ.

- Се чувствувам добро благодарение на лекарите кои беа извонредни. Сакам да ги повикам сите млади албански девојки, иако можеби не можат, да примат вакцина против ХПВ. Медицината не е за лекување, туку за спречување.

Моника опиша дека не било лесно да се излечи, но исто така шокираше дел од јавноста со изјавата дека се оперирала во странство.

- Поминав низ многу тежок здравствен процес. Не се контролирав пет години, по што ми дијагностицираа рак. Беше тешко затоа што можеа да се појават разни компликации. Операцијата ја направив во странство и платив 6.500 евра, што е многу поевтино од цените во Албанија, кои одат до 20.000 евра. Тешко ми е што мораше да биде така и покрај тоа што најмногу ги почитувам албанските лекари, но во ЕУ услугата е подобра. Би сакала сите мои колеги да пријават колку платиле за своите операции - посочи таа.