Рецепт на денот: Торта готова за 10 минути, ВКУСОТ ќе ве воодушеви, а се подготвува со само 4 состојки!

Десертите се сладок дел од оброкот што најчесто се служи на крај и се карактеризира со пријатен вкус, богата текстура и разновидни состојки.
Денешниот рецепт на денот го препорачуваме за сите домаќинки кои немаат многу слободно време или имаат ограничен број на состојки. Покрај тоа што лесно и брзо се подготвува, овој десерт е вкусен, освежителен и секој може да си го приупшти. Овошките кои ги додавате во глазурата, на крај ќе ви дадат одличен освежителен вкус за жешките денови.
- Три пудинга од ванила
- 300 грама плазма
- 300 грама свежи јагоди
- Кисела павлака 200 грама
- Маргарин за готвење 250 грама
- 1л. полномасно млеко
- Шлаг за декорација
- 6 супени лажици шеќер
- 3 супени лажици шеќер во прав
Пудинзите измешајте си во 200 мл. млеко и додадете 6 лажици шеќер. Во стопленото млеко, додадете ја сместа од претходно соединетото млеко, пудинг и шеќер. Мешајте постојано додека смесата не се згусне и не добиете готов пудинг.
Подготвениот пудинг покријте го со хартија за печење и оставете го да се излади на собна температура.
Во посебен сад со мискер соединете го маргаринот и шеќерот во прав. Кога ќе добиете пенаста смеса додадете ја во претходно изладениот пудинг и измешајте ја со миксер. Кога ќе добиете хомогена смеса, во смесата додадете ги јагодите (претходно исецкани на мали парчиња) и плазмата скршена на ситни парчиња. Соединете ја цела смеса и оставете ја во фрижидер да се излади.
Кога смесата ќе биде готова, прелијте ја со шлаг пена и декорација по избор.
За овој рецепт ви се потребни 10 минути во подготовка, а може да се служи за десет лица.
Извор: ЖМ / freepik