Рецепт за славска погача за Ѓурѓовден: МЕКА КАКО ДУША, А ВКУСОТ ЌЕ ВЕ ОДУШЕВИ!

Добивај вести на Viber

Славската погача е повеќе од обичен леб, таа е симбол на благосостојба, заедништво и духовност во нашата традиција. На Ѓурѓовден, празник кој ја слави пролетта, обновата и заштитникот на домот, колачот зазема централно место на празничната трпеза. Мирисна, мека и украсена со плетенки, крст или симболи на здравје и плодност, оваа погача е замесена со љубов и грижа, а секој залак носи дух на празници и семејна топлина. 

Состојки 

  • Брашно - 1 кг
  • Млеко - 500 мл
  • Свеж квасец - 1 коцка
  • Масло - 100 мл
  • Шеќер - 1 лажиче
  • Сол 2 - лажички
  • Јајца - 3 
  • Сусам за посипување

Начин на подготовка

Во топло млеко, растворете шеќер и додадете квасец. Оставете го квасецот да се активира околу 10-15 минути додека не стане пенеста. Во поголем сад за матење додадете брашно, сол, 2 јајца, масло и активиран квасец со млеко. Замесете мазно и еластично тесто (по потреба додадете уште малку брашно или млеко за да ја добиете саканата конзистенција). Покријте го тестото со чиста кујнска крпа и оставете го на топло место да нарасне околу 1-2 часа додека не се удвои во волумен.

Откако тестото ќе нарасне, истурете го на малку набрашнета површина. Поделете го тестото на 3 дела и секој обликувајте го во голем круг. Секој круг исечете го на 16 парчиња (како да сечете пица) Земете го секое парче, обликувајте го во мал триаголник и наредете го во кружен плех обложен со хартија за печење, така што ќе се формира цветен дезен. Оставете ја обликуваната кора да нарасне уште 20-30 минути.

Загрејте ја рерната на 200°C. Се матат јајцето и се премачкува нараснатата кора, па се посипува со сусам. Печете ја погачата во загреана рерна околу 30-40 минути или додека не добие златно-кафеава боја. Кога колачот е готов, извадете го од рерна и оставете малку да се излади.

Ќе ви биде потребно 60 до 90 минути за приготовка на овој рецепт. Начинот на подготовка е прилично едноставен поради што и почетниците можат одлично да се снајдат. 

Уживајте во вкусот и во празникот!

Извор: recepti.zena.blic.rs