Ретроградниот Меркур во Риби тргна напред: Еве на кои знаци конечно ќе им се посреќи

Меркур, планетата на логично расудување и комуникација, излезе од ретроградна и тргна напред во Риби, што покажува дека претстојат денови кога преговорите ќе бидат можни и комуникацијата ќе биде подобра.
Ретроградниот Меркур често е синоним за недоразбирања, одложувања и интроспекција, но кога конечно ќе се движи напред – особено кај Рибите – носи чувство на олеснување и појасна перспектива.
Донесување подобри одлуки
Меркур во Риби е веќе природно интуитивен, но за време на ретроградниот период може да предизвика конфузија, нејасни мисли и враќање на нерешените ситуации од минатото.
Кога ќе тргне директно, тоа носи можност појасно да се види сето она што го анализиравме и преиспитавме сега и да донесеме конкретни одлуки.
Подобра комуникација
Ова е моментот кога комуникацијата станува полесна, се разјаснуваат недоразбирањата, а внатрешниот хаос полека добива смисла. Со оглед на тоа дека Рибите владеат со соништата, креативноста и духовноста, сега е идеално време да ги претвориме нашите фантазии во реалност и да донесуваме одлуки од срце, но со појасна слика.
Ако се чувствувавте како да сте во магла за време на ретроградноста на Меркур, сега таа магла полека се крева - носи нова перспектива и можност за напредок.
Ретроградниот Меркур во Рибите најмногу ги погоди Рибите, Стрелците, Девицата и Близнаците. Сега, одејќи напред, Меркур конечно ќе донесе ослободување за споменатите знаци и појасна перспектива.