Роден во Тузла, живеел во бегалски камп па стана светска ѕвезда како жена: Андреја е нереално убава и достигна ниво за кое многумина може само да сонуваат

Foto:Profimedia
Модната ѕвезда родена во Тузла вчера го прослави својот 31 роденден. Нејзината животна приказна продолжува да интригира.
Андреја Пејиќ, која вчера наполни 31 година е модел кој направи револуција во модата, како прва андрогена манекенка. Таа е родена во Тузла како Андреј Пејиќ, пораснала во Австралија, а пред десет години ги освоила водечките светски дизајнери, како Жан Пол Готје и Марк Џејкобс, а во 2014 година решила да се следи себеси, да го промени полот и да стане Андреја.
Андреја Пејиќ е Србинка по мајка ѝ Јадранка, а Хрватка по татко и Владо Пејиќ. Нејзините родители се развеле кога таа имала пет години. Таа пораснала со нејзиниот постар брат Игор.
За време на војната во Босна, Андреја со својот брат, мајка и баба Даница побегнала во бегалски камп во близина на Белград. А потоа се преселиле во селото Војска кај Свилајнец. Таа за прв пат го запознала својот татко кога имала четири години. Нејзината мајка сакала децата да имаат добри односи со нивниот татко, поради што секое лето поминувале по еден месец со него.
По бомбардирањето на НАТО на Југославија, таа со семејството заминала во Мелбурн.
И покрај сите случувања, Андреја вели дека имала среќно детство, а често истакнува дека токму нејзината мајка Јадранка била нејзината најголема поддршка на патот на трансформацијата на полот.
Нејзиното експериментирање со изгледот и облекувањето започнало на 13-годишна возраст. Таа не морала долго да чека за нејзиниот пробив во светот на модата бидејќи тоа се случи кога имаше 16 години.
Таа не чекаше долго и на успехот, во 2013 година, две години по нејзиното деби на ревиите на Готје и Џејкобс, се најде на листата на најдобри светски модели. Различната и харизматична Андреја ги освои насловните страници на модните списанија, а во 2013 година се појави во спотот на Дејвид Боуви „The Stars“.
Во 2020 година, Андреја Пејиќ се најде во центарот на голем скандал кога беше лажно обвинета за сексуално вознемирување.
„Она што се случи пред некој ден, мислев дека никогаш нема да го доживеам во животот. Бев обвинета за сексуален напад врз жена. Во секоја друга ситуација, во кој било друг ден, ќе се насмеев на оваа глупава, чудна шега. Сепак, ние живееме во општество во кое секој може да покаже со прст кон секого и да го обвини за малтретирање преку медиумите, да му го уништи животот и кариерата, што мора да признаете не е шега.С ите што ме познаваат знаат дека се претставувам како хетеросексуална жена. Припадничките на понежниот пол никогаш не ме привлекувале и никогаш немав желба да експериментирам во таа смисла. Да беше поинаква ситуацијата, немаше да направам операција за промена на полот, ниту да земам хормони кои ми го намалуваат либидото под просекот на обична жена – напиша Андреја Пејиќ на Инстаграм, додавајќи дека девојката која ја обвинила за злоупотреба ја сакала како сестра и дека не очекувала дека ќе и направи такво нешто.
Извор: zena.blic.rs