Родителите на 7 браќа и сестри загинале во сообраќајна несреќа: Тоа што го направил овој брачен пар е непроценливо

Добивај вести на Viber

Брачната двојка, која веќе имала пет биолошки деца, посвоила 7 браќа и сестри кои ги загубиле родителите во сообраќајна несреќа.

Пем и Гери Вилис од Калифорнија едноставно не можат без деца. Откако нивните деца пораснале и се иселиле, тие не сакале да бидат сами.

Не сакале да посвојуваат, па станале згрижувачки родители. Но, наскоро седум прекрасни детски насмевки им ги украдоа срцата.



Пем прелистувала на Фејсбук во јануари 2019 година кога наишла на необична приказна. Седум деца од Сан Диего ги загубиле двајцата родители во сообраќајна несреќа. Им требал дом, но имало големи шанси да мора да се разделат дури и да го најдат.

Прво, ги вдомиле седумте браќа и сестри

Откако веќе одгледале пет биолошки деца, Пем и Гери решиле да посвојат уште седум.

„Видов колку на овие деца им треба некој да ги сака затоа што немаа каде да одат“, рекла Пем, „Секоја недела се јавував во агенцијата за посвојување за да им покажам колку сакаме да им помогнеме на овие деца“.

Таа упорност се исплатела и во јуни Пем и Гери ги донеле дома Аделин (15), Руби (13), Алесија (8), Ентони (7), Обриела (6), Лео (5) и Ксандер (4).



Иако никогаш не е лесно да се приспособат на новиот живот, децата совршено се вклопиле во новото семејство.

Оттогаш целото семејство ужива заедно. Но, најубавиот момент бил денот кога и официјално станале семејство. Возрасните деца дојдоа со своите родители да го прослават посвојувањето на седум нови членови на нивното семејство, бидејќи нивните нови браќа и сестри целосно им прираснале на нивните срца.

Грижата за седумте деца има свои подеми и падови

Се разбира, грижата за седум деца има свои подеми и падови, но овие родители не би промениле ништо.



„Никогаш не сме ја доведувале во прашање нашата одлука откако ги запознавме, ниту некогаш сме се сомневале во исправноста на нашиот избор“, објаснила Пем

 „Забележав колку се среќни и тоа ме прави среќна бидејќи тоа е сè што сакаме. Најстариот син Аделино неодамна ми се заблагодари што им го дадовме тој живот и нема подобро чувство од тоа“.

Ова е навистина прекрасно семејство и утешно е што сите браќа и сестри се заедно и што се во семејство кое ќе ги сака и ќе се грижи за нив како да се нивни биолошки деца.



Иако никој не може да ги замени нивните биолошки родители, нема сомнеж дека сите седум браќа и сестри ќе уживаат во своето ново семејство.


ФОТО: Инстаграм