Само што почина нашиот пејач, по него жената која најмногу ја сакаше: Каква трагедија

Добивај вести на Viber

Шок и неверување се случи само пред две недели кога како гром од ведро небо се појави информацијата дека починал младиот фолк-пејач и текстописец Далибор Ѓошиќ – Даки. (1982-2023). Неговите колеги од фолк-сцената, но и останатите негови пријатели и познаници не можат да поверуваат дека Далибор толку млад го напуштил овој свет.

Во Националниот ансамбл „Танец“ се вработил во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварил 363 концертни настапи, дома и надвор.

За само четврт век, со „Танец“ настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. Според статистиката, има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители.

Инаку, во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ беше одржана комеморација по повод смртта на Далибор. На комеморацијата беа присутни бројни негови колеги, а како што откри уметничкиот раководител на сценско-уметничката дејност во НУ “Танец“, етно-музикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, а пренесе порталот СДК, таткото на Далибор не можел да присуствува на комеморацијата затоа што истиот ден тој ја испратил својата мајка, односно бабата со која познатиот пејач беше мошне близок и за која велат дека најмногу ја сакал.