Се роди третото најтешко бебе во светот: Акушерките коментираа дека никогаш не виделе поголемо новороденче (ФОТО)

„Никој не очекуваше толку мал џин“
Алфа - трето најтешко новороденче во светот и историјата на Обединетото Кралство
Шерал Мичел (31) неодамна роди момче по име Алфа - третото најтешко новороденче во историјата на Обединетото Кралство. Момчето има нешто помалку од седум килограми, а мајката вели дека бил толку голем што во породувањето морале да се вклучат две бабици.
-Веднаш сите го нарековме „бебе нилски коњ“ бидејќи е навистина огромно. Инаку, кога забременив со него бев на спирала за хормонална контрацепција - вели Шерал. Таа и сопругот Тајсон веќе имаат три деца, а велат дека сите останати се воодушевени од големината на бебето.
- Сите во салата почнаа да се смеат кога му излезе главата, а сопругот рече „Боже, навистина е голем“ – вели Шерал.
-Две сестри го влечеа, а двете коментираа дека никогаш не виделе поголемо новороденче. Веднаш го фотографираа и почнаа да бараат податоци за најтешките бебиња во земјава - вели мајката.
Бебенце со редок синдром го маѓепса цел свет: Родено е со „трајна насмевка“, но мора да се оперира