Се сеќавате кога Џорџ Клуни беше фраер со долга коса? Погледнете како изгледаше тогаш!

Фото: printscreen-youtube/ George Clooney Breaks Down His Most Iconic Characters | GQ
Бројни познати ѕвезди во текот на кариерата го менуваа стилот и имиџот, а Џорџ Клуни е еден од оние кои направија драстична промена
Навикнати сме да гледаме бројни холивудски ѕвезди во една фаза, а многу од нив го менуваа имиџот и стилот во текот на кариерата.
Холивудски заводник кој направи голема промена е актерот Џорџ Клуни. Џорџ на почетокот на кариерата имаше долга кафена коса која се виткаше во лесни бранови, а извесен период ја носеше и популарната фризура „фудбалерка“.
По долги години реши да ја скрати косата и сега е познат по сивата и секогаш уредна кратка фризура.
Овој 61-годишен маж со текот на годините многу се промени, но секогаш беше познат како главен ерген и заводник поради кој многу жени патеа.
Во 2014-тата година, Клуни конечно застана пред олтарот и среќата ја најде во бракот со Амал Клуни, 17 години помлада адвокатка од него.
Во 2017-тата година ги добија близнаците Ела и Александар кои ги држат подалеку од очите на јавноста.
Извор: dnevnik.hr