Седум нови деца заболени од морбили

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство денеска соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум нови случаи, деца на возраст од две години со симптоми на мали сипаници (морбили). Сите се од населбата Ново Лисиче од Скопје и ја посетувале детската градинка „Сонце“. За нив се чека лабораториска потврда.

Министерот за здравство Венко Филипче објави на Фејсбук дека ја вакцинирал внуката Илина во обид да ја охрабри македонската јавност и особено скептиците и конспираторите против имунизацијата.