Животна училница // Приказни
Сексот и глумата не се забораваат: Џамбазов за животните лекции
- 24 Август, 2019 16:15
Игор Џамбазов вели дека мниогу научил од својата покојна мајка, легендарната актерка Анче Џамбазова. Познатиот актер вели дека никогаш нема да ги заборави ни советите од дедо му, Петре Прличко.
„ Се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот. Со посветеност и професионализам. Иако секој од нас има свои „жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера
. Некогаш кажав дека има три работи во животот кои никако не се забораваат. Возење велосипед, секс и глума“, изјави Џамбазов во интервју за Женски магазин.