Шокантните фотографии го скршија целото семејство: Сега вдовицата на Коби Брајант доби отштета од 16 милиони долари

Поради душевната болка предизвикана на сопругата на легендарниот кошаркар и нивното семејство, Лос Анџелес мора да плати дебела сума.
Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, доби 16 милиони отштета поради протечените фотографии од хеликоптерската несреќа во 2020 година во која НБА легендата загина со ќерката Џијана.
Вдовицата на кошаркарот рече дека имала напади на паника откако открила дека се појавиле фотографии направени од замениците на шерифот на округот Лос Анџелес и пожарникарите, по несреќата.
Поради емоционалната болка предизвикана на сопругата на Коби Брајант и нејзиното семејство, федералниот суд пресуди дека округот Лос Анџелес мора да ѝ плати на Ванеса 16 милиони долари како реституција, надоместок.
Одлучено е од истите причини да му се плати отштета и на Кристофер Честер, кој во споменатата несреќа ги загуби сопругата Сара и ќерката Пејтон.
Според американските медиуми, Ванеса по изрекувањето на пресудата ги прегрнала адвокатите и плачејќи паднала во прегратките на својата ќерка Наталија, а потоа ја напуштила судницата без да даде изјава.
- Овој случај се однесуваше на одговорност, а поротата беше едногласна- посочи адвокатот на Брајант, Луис Ли.
Тужителот првично барал отштета од 75 милиони долари.
Ванеса потоа објави фотографија од нејзиниот покоен сопруг и ќерка на Инстаграм со порака:
- Сето ова за вас! Ве сакам! Правда за Коби и Џиџи!
На спорните фотографии од несреќата беа прикажани остатоците од хеликоптерот, како и телата на жртвите, кои ја нарушија приватноста на починатиот, семејството и предизвикаа емотивен стрес, а Брајантс и Честерс стравуваа дека уште постои можност да се појават овие фотографии, иако Лос Анџелес Округот тврди дека тие биле уништени.
извор:GLOSSY