Што ти недостасува штом си со неа? - Со вакви коментари се соочуваат Милица и нејзиното момче кое не ја остави во ниту еден момент

Добивај вести на Viber

„Дали сте брат и сестра? Си личите", „Тогаш мора да ти е братучетка“, „А што ти недостасува (штом си со неа)?“

Овие, се разбира, не се вообичаени прашања и претпоставки кога ќе видите двајца млади луѓе прегрнати или се држат за раце или се бакнуваат... Но, ако еден од нив двајца е лице со видлив инвалидет, тогаш претпоставувам дека е многу тешко да се разбере дека тие две лица се пар, и сосема е пологично да заклучиме и да ги прашаме прашањата погоре (се разбира обраќајќи се на лицето без попреченост) - ⁣вели Милица Кнежевиќ, која покрај многуте достигнувања во животот, луѓето ја гледаат преку очите на сожалувањето.

Милица била одличен ученик со многу награди и стипендии, но во нејзиниот живот се случува голема несреќа, на само 15 години, кога во 2009 година доживува сообраќајна несреќа и останува инвалид.

Таа била одбојкарка, а две недели пред сообраќајната несреќа, со својот тим го освоила првото место во лигата. Позицијата капитен на тимот исто така и се насмевнувала. 

На тој кобен ден во 2009-та, таа требало да замине да го гледа своето момче на натпревар како игра. Бидејќи немала како да оди сама, му се јавила на татко и.

- Му се јавив на некој што може да ме земе, тоа беше татко ми. Во сето тоа имаше еден „детаљ“ на кој не обрнав внимание во тоа време, а тоа беше дека тој дојде по мене од кафана. По десет минути возење од дома, татко ми изгуби контрола, удривме во заштитната ограда, слетавме од патот и се превртевме во каналот - раскажа Милица која се здобила со фрактура на черепот, фрактура на вратот и повреда на 'рбетниот мозок.

Но, и по 10 години, момчето чија игра не успеа да одгледа, сè уште е со неа.

А покрај сите препреки во нејзиниот живот таа одново и одново докажува дека треба да се бориш за своите соништа. 
Милица води активен живот во инвалидска количка, успева да остане позитивна и да им помага на другите кои се соочуваат со истите потешкотии.

Милица вели дека на луѓето, тешко им е да прифатат дека тие се пар, па многу често се наоѓа во непријатни ситуации кога странци им поставуваат непријатни прашања како:  „Дали сте брат и сестра? Си личите", „Тогаш мора да ти е братучетка“, „А што ти недостасува (штом си со неа)?“

Таа на тоа одговара: Ќе признаете, малку е невообичаено брат и сестра да се бакнуваат во уста, но претпоставувам дека е поприфатливо отколку да прифатите во вашата глава, дека некој што нема попреченост би одбрал за партнер некој што има “.

⁣Често слушале и коментари од типот: „Прекрасно е од вас да се жртвувате за да бидете со неа“, на што таа вели „претпоставувам дека казната и жртвата е да се биде партнер на некој што има попреченост “.

Љубов посилна и од инвалидитетот

„Немам претстава колку пати сме поминале низ вакви ситуации, и фактот дека тие сè уште се случуваат и дека не познавам апсолутно ниту еден пар (во кој некој има попреченост) кој немал иста ситуација, кажува многу“ - потенцира Милица и додава „⁣Можеби е тешко да се разбере, но нашата врска е иста како и секоја друга врска помеѓу две лица кои се сакаат и кои одлучија да ги делат своите животи со меѓусебно почитување, лудило, доверба, проблеми, разбирање, поддршка и предизвици“.

Милица порачува ако сте личност со попреченост, потребна е желба и волја за успех, но потребна е и голема поддршка и промени во системот.

Милица Кнежевиќ својата приказна ја раскажува преку објави на Инстаграм, со цел нејзината животна приказна да инспирира многумина.

Р.Ж.М