Сини сливи: За слабеење на вистински начин

За жал производителите на сина слива се жалат на откупот, и велат дека годинава, сливите ќе скапуваат во овоштарниците бидејќи нема кој да ги купи.
Но дали сте знаеле дека сината слива всушност помага во слабеењето на здрав начин.
Откривме совршено здрав појадок кој е полн со витамини и минерали, поради што ги подобрува и косата и ноктите. Со помош на овој појадок, ќе се ослободите од сè што го оптеретува вашето тело и ќе ги прочистите цревата.
Докажано е дека овој појадок помага во губење на тежината, дури до 2,5 килограми месечно, одличен за оние кои сакаат да изгубат вишок масни наслаги од стомакот
Ќе ви требаат:
5-7 сливи
1 чаша кефир
2 лажици овесна каша
2 лажици лен
1 лажица какао во прав
Подготовка: Овој појадок се подготвува во вечерните часови, за да можете да го консумирате наутро. Прво треба да ги зовриете сливите во врела вода, а потоа да ги ставите во сад во кој ќе ставите кефир, овесна каша, ленено семе и какао. Измешајте сè и оставете ја содржината во фрижидер преку ноќ.
Консумирајте наутро. По само неколку дена, ќе почувствувате одлични резултати.