Проверете колку вашата коса е (не)здрава: Најважна е правилната нега

Добивај вести на Viber

Со оглед на тоа дека косата освен што е еден од аспектите на нашата личноста е и показател за тоа колку се грижиме за нашето здравје, многу е важно истата со текот на годините да добие правилна нега.

Доколку сте од оние кои веднаш паничат, постојат неколку тестови кои може да ги направите сами дома, за да проверите колку вашата коса е здрава. Станува збор за четири едноставни тестови кои навистина ќе ви откријат колку вашата коса е здрава, односно нездрава.

1. Фоликуларен тест

Проверете го коренот: Извлечете едно или две влакна зграпчувајќи ги што е можно поблиску до главата, за да ги извлечете со корен. Потоа испитајте го фоликулот. Нормалниот крај на косата треба да биде во форма на крушка, па ако е така, вашата коса е здрава. Ако коренот е слаб или воопшто нема форма на крушка, вашата коса е слаба и треба да размислите за промена на негата.

2. Тест за порозност

Здравата коса е доста јака, додека оштетената коса брзо ја апсорбира течноста.

Откинете неколку влакна од различни делови на главата: од горниот дел на главата, задниот дел на главата, а потоа и од страната. Ставете ги прамените во чаша вода. Сосема здрави влакна ќе пловат, релативно здравите ќе се спуштат малку, а оштетените ќе потонат целосно.

3. Тест за еластичност

Внимателно извлечете прамен коса и нежно повлечете го: Ако се протега и одбива кога ќе го оставите да оди кон главата, косата е здрава. Ако се распадне при контакт со главата, косата не е еластична.

4. Испитување за оштетување на влакната

Зафатете прамен коса помеѓу показалецот и средниот прст и поминете го низ прстите, од врвот до коренот. Ако чувствувате дека вашата коса е груба и нерамна на некои места, вашата коса е оштетена. Ако чувствувате дека неговата површина е мазна, таа е здрава.

Доколку забележите дека нешто со вашата коса не е во ред, најдобра опција е да се посоветувате со дерматолог, кој е специјализиран за проблеми со коса. Тој точно ќе ви посочи како да ја негувате косата и ќе ви препорача медицински третмани.

Ординацијата д-р. Анчевски во својот голем асортиман на услуги Ви нуди можност за дијагностика и третмани за сите состојби и проблеми поврзани со опаѓање на косата и проблеми со кожата на скалпот. Секако третманите за секој проблем се различни, а во продолжение погледнете што точно нуди центарот за коса во ординација д-р. Анчевски. 

- Ласерската терапија покажува одлични резултати при третман на коса која опаѓа. Во текот на овој процес дополнителни хранливи материи и кислород му се обезбедуваат на скалпот за да се помогне во нормалните хемиски процеси кои се вршат од страна на тие клетки, со што се зголемува целокупната циркулација на крвта. Ласерите кога се нанесуваат на косата и скалпот го подобруваат целокупниот квалитет на коса, промовираат раст на коса и се зголемува волуменот на косата.

- ПРП односно плазмата богата со тромбоцити е моќна алатка во борбата со опаѓање на косата. Тој не само што го зајакнува коренот на косата туку стимулира нов раст на коса. На тој начин помага при проблеми како проретчување на коса , алопеција или тркалезни кружни полиња без коса, лесни и средни облици на машка келавост. Може да се комбинира со ласерски третмани, а може да се користи и по пресадување на коса.

- Мезотерапија со витамини иницира ревитализација на фоликули, ја стимулира циркулацијата, ја подобрува состојбата на скалпот, ја зголемува густината и дебелината на влакното од коренот до врвот и ги стимулира и зајакнува фоликулите на влакната. Со овој третман се постигнува одличен и брз резултат.

-  Мезотерапија со лекови за андрогенетска алопеција најнова и најуспешна метода, за лекување и третман на андрогенетска алопеција (ќелавост) кај мажи и жени. Третманот е комбинација од неколку лековити состојки кои што имаат драматичен ефект врз фоликулите на влакната со што успешно се стопира опаѓањето на коса и се потикнува раст на нова коса.

За крај за сите оние кои имаат проблем со косата и скалпот, а не знаат што да користат би ги советувале да ја посетат oрдинацијата д-р. Анчевски, каде што ќе ги види доктор специјалист, ќе направи испитување на влакната и скалпот, ќе им препише соодветна терапија и производи за нега и доколку е потребно ќе им препорача спроведување на медицински третмани за ревитализација на косата.

* ПР - објава