СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: ДАЛИ ПРЕДРАСУДИТЕ СЕ УЧАТ?

Во
најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да
знаат, ги учат и предрасудите.
Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото.. Децата ги имитираат возрасните,
ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат.
Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата година, под влијание на околината, почнуваат да кажуваат дека нешто е „чудно“ или „погрешно“ само затоа што е различно. Околу тинејџерската возраст предрасудите може да се зајакнат или намалат, во зависност од влијанието на врсниците, образованието и контактот со различни групи.
Со
цел да ја потврди тезата дека предрасудите
се учат, Телеком направи едукативен
социјален експеримент.
Погледнете го видеото и видете што кажаа децата:
Психолозите советуваат: зборувајте со децата за различностите на позитивен начин. Развивајте толеранција, емпатија и почит.
Да научиме поинаку. Да ги надминеме предрасудите за да вистински се поврземе. #НаправиМесто
*Пр објава