Сопругата на познатиот фудбалер го „одзема“ здивот каде и да се појави: За нивното запросување и денеска се зборува

Брачниот пар ужива во својата љубов, а нивната љубовна приказна е доказ за сите дека бајките постојат
Познатиот српски фудбалер Немања Матиќ во 2009-та година ја запозна жената на неговиот живот Александра Матиќ, која тогаш беше средношколка.
Сосема случајно се запознале во Уба кога Александра, тогаш Павиќ, имала седумнаесет години.
- Секако, не се „смувавме“ првиот пат кога излеговме. Тој мораше да се врати во Словачка, а јас останав во Уба. По неговото враќање, повторно излеговме и потоа ме замоли да му бидам девојка... Тогаш почна нашата бајка - изјави своевремено денешната госпоѓа Матиќ во интервју за „Ало“.
Една година подоцна, следуваше запросување што се случи на многу необичен начин. Во 2010-та година, преку дневен весник, Матиќ ја праша својата девојка дали сака да го помине целиот свој живот со него.
- Да, Немања, сакам да се омажам за тебе - одговори Александра која чекаше да заврши средно училиште и да се пресели во Лондон, каде Матиќ само што почнуваше да игра за Челзи.
Неколку месеци подоцна, во летото 2010-та година, во главниот град на Англија се одржа свадбена церемонија на која беа присутни најблиските членови на семејствата Матиќ и Павиќ, како и пријателите на младенците. Веднаш по венчавката, двојката замина на меден месец на Малдиви, а набрзо по враќањето дознаа дека за неколку месеци ќе бидат тројца.
Александра го роди синот Филип, три години подоцна и ќерката Теа, двајцата во Србија, бидејќи тоа било нејзина желба и желба на Немања. Во 2019-та на семејството Матиќ се приклучи и ќерката Аника. Во меѓувреме поминаа една година заеднички живот во Холандија и три во Лисабон, каде Немања играше за Витесе, односно Бенфика. Додека пак сега живеат во Рим, Италија каде Матиќ настапува за фудбалскиот клуб Рома.
Извор: telegraf.rs