Ако сакате да влезете во оваа туристичка зона, подгответе си 100 евра: Вака се сака сопствената земја

Добивај вести на Viber

Патничката и инфлуенсерка Вана Бојовиќ (31) од Загреб досега има посетено над 147 земји во светот, а своите патувачки искуства редовно ги споделува на социјалните мрежи. 

Во мај годинава отпатувала во Бутан – мала, изолирана кралевина сместена меѓу Индија и Кина. Како што вели, она што таму го доживеала е сосема поразлично од сè што досега видела.

Влез се наплатува

„Оваа држава наплатува влез по 100 евра дневно по лице“, напиша Вана и објасни дека Бутан на тој начин го контролира бројот на туристи и го штити својот идентитет, природата и културното наследство.

„Добредојдовте во Кралството Бутан, држава сместена меѓу џиновите Индија и Кина, која за разлика од останатите земји, напредокот не го мери со БДП, туку со бруто национална среќа – филозофија според која вистинскиот напредок доаѓа преку колективната благосостојба, а не само преку економскиот раст“, напиша таа.


Нема семафори, но има најубава и најопасна писта

Во Бутан нема ниту еден семафор, но сообраќајот сепак функционира совршено. Земјата има една од најубавите, но и најопасните аеродромски писти во светот.

Задолжителна традиционална облека и архитектура

Жителите секојдневно носат традиционална облека – задолжителна и во училишта и јавни институции. Законот наложува и објектите да бидат изградени во традиционален стил – дури и аеродромот.


Квалитет над квантитет

Целта на Бутан е да привлече туристи кои навистина сакаат да ја запознаат културата и природата, а не масовен туризам. Над 70% од територијата е покриена со шуми, кои државата ги штити преку дневната такса од 100 евра (која претходно била 200 евра).

„Сакаат вистински посетители – љубопитни, со почит и добра намера. Вака се сака својата земја“, заклучи Вана.