Змија на Лефкада, диви свињи на Атакос и риба - мурина на Торони: Еве кои неочекувани гости може да ги сретнете на плажа!

Добивај вести на Viber

Летото носи високи температури, полни плажи и долгоочекуван одмор, но со топлината и сушата доаѓа и една помалку пријатна појава – змии на плажите. Во последните години, се бележи сè поголем број пријави од туристи и локални жители кои забележуваат змии во близина на плажи, камењарски брегови и шуми покрај море.

Според биолозите, змиите не се невообичаена појава на морето, особено во регионите каде што има природни живеалишта блиску до крајбрежјето – густо зеленило, карпести предели, или мали речни канали што се влеваат во морето. Летните жештини ги тераат овие животни да бараат засолниште во сенки, грмушки, шанкови и тушеви поставени во близина на природни предели.

Во Грција, Хрватска, Црна Гора, па и делови од Албанија, се среќаваат видови кои се претежно незабележливи и неопасни, но има и неколку видови отровници – како што е песочниот шарка (Vipera ammodytes), која иако ретко, може да биде забележана во суви, карпести делови блиску до морето.

На Инстаграм профилот „Никара“ се појави видео од змија која се појавила на плажа на Лефкада, каде туристите се обидуваат да ја заловат змијата и да ја тргнат подалеку од плажата.


„Денес на една од плажите на Лефкада, посетителите отстранија змија“, пишува во описот на видеото.

Покрај овие животники на плажите кои се покрај море се појавија и други видови животни за кои не е карактеристично да бидат во плитките делови од морено.

На плажа во Врахос забележана е водна желка на плажата во вечерните часови.

„Наши туристи во Врахос имале убава и невообичаена посета за ова место. Желка Caretta Caretta извела јајца на оваа плажа. Се надеваме дека местото каде што се наоѓаат јајцата желките се покриени со песок и заштитени, затоа шт тоа е предуслов по 7 до 9 недели се изведат бебиња желки“.

На Атокос пак, туристите може да доживеат невообичаено искуство додека пливаат во море друштво да им правата црни диви свињи. Со туристички брод на локалните агенции од Лефкада и Кефалонија, може да стигнете до островот Атокос кој се наоѓа во близина на Итака.

View this post on Instagram

A post shared by(@grckainfo)

Пред неколку недели туристите и случајните минувачи во Солун, забележале уникатна глетка на делфин во морето кој бил блиску до крајбрежјето.

На плажите Торони и Неа Мармарас морето исфрлил риба од видот Мурина, која се вбројува во класата коскени риби, во поткласата зракоперкови риби, во редот јагуловидни риби и во фамилијата мурени. Постојат стотина видови мурени. Долга е околу еден метар. Но некои единки достигнуваат должина до три метри и тежина до 100 килограми. 


Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Јутјуб
РЖМ - Г.Д.Г