Топло сонце и уште потопла љубов: Ребека со семејството на летување

Добивај вести на Viber

Семејната хармонија и уживањето во летото се во фокусот на најновите објави на Ребека Јанковска Ристески, која заедно со сопругот и трите синови одмора покрај море.

Познатата поранешна пејачка и јавна личност, Ребека Јанковска Ристески, овие денови го посвети целосно своето време на најважното нешто во животот – семејството. На нејзиниот Фејсбук профил сподели неколку топли моменти од летниот одмор, иако не откри каде точно летуваат.

Судејќи по објавите, Ребека, нејзиниот сопруг и трите синови – Маркијан, кој веќе е полнолетен, и близнаците Макариј и Доротеј, кои се шест години помали од него – уживаат во вистинска семејна хармонија. Фотографиите пренесуваат љубов, топлина и заедништво.