Никогаш не излегувајте од автомобилот ако видите 50 евра на шофершајбна – нова измама кружи на Халкидики!

Добивај вести на Viber

Во летниот период, кога голем број граѓани патуваат на одмор со сопствени или изнајмени возила, значително се зголемува бројот на кражби и измами на европските патишта. 

Една од најчестите измами, која е забележана и на Халкидики, вклучува поставување лажна банкнота (обично од 50 евра) на шофершајбната на паркирани автомобили – предупредува порталот money.it.

Сцената изгледа невино: приоѓате кон автомобилот, гледате банкнота на стаклото и, во обид да ја земете, излегувате од возилото, понекогаш оставајќи ги клучевите во бравата.

 Токму тој момент го користат крадците за да го украдат возилото или вредни предмети од кабината. Подоцна, често се утврдува дека банкнотата е фалсификат.

Овие кражби се извршуваат за само неколку секунди, а зад нив најчесто стојат организирани криминални групи. 

Измамите се најчести во туристички сезони, кога луѓето се опуштени, неискусни и не се запознаени со локалните криминални тактики. 

Италија, Франција, Шпанија и Шведска веќе имаат издадено официјални предупредувања.

Извор: Еспресо