Стил // Стил на денот
                    
                    
                
                
                Стил на денот: Антониа Гиговска покажа тотална доминација во латекс комплет
                    Младата македонска ѕвезда Антониа Гиговска која е во цутот на нејзината музичка кариера, не престанува да изненадува со нејзиниот моден стил.
Таа често експериментира со модните избори и ги следи најновите светски трендови.
Сега ја гледаме во црн латекс комплет кој се состои од краток топ и панталони со спуштен струк чија позадина е со V израз.

Со оваа комбинација ги истакна половините и го покажа тонираниот стомак. Пејачката ја заокружи комбинацијата со бели патики на платформа и многу накит.