Стил на денот: Кендал Џенер во врвна комбинација од кожа и крзно

Модна комбинација на која е невозможно да ѝ најдете мана...
Зимата е вистински предизвик кога станува збор за модата. Што да облечеме за да ни биде топло, а истовремено да изгледаме убаво и модерно?
Кендал Џенер го знае одговорот на ова прашање! Познатата манекенка е забележана за време на вечера во еден луксузен ресторан, а за оваа прилика одлучи да ја покаже целата својата умешност, кога е модата во прашање.
Кожниот црн фустан совршено го вклопи со долгата бунда во беж боја со црни детали. Целата комбинација ја имаше заокружено со длабоки црни кожни чизми на висока потпетица.
Исто така, кожената кафена чанта совршено ја имаше вклопено во целата комбинација.
Кендал во оваа прилика ги испочитува и епидемиолошките мерки, па носеше и заштитна маска за лице во беж боја.