Сузана Манчиќ ги шокираше сите со своето признание: Луѓето ме навредуваа поради она со што се занимавам, немаа разбирање

Добивај вести на Viber

- Секогаш бев таа која ги најавуваше наградите, а јас останав без ништо, кажа најпознатата лото девојка на Балканот...

Сузана Манчиќ е порпознатлива по убавата насмевка и убавина која ѝ помогна во текот на кариерата. Сепак, дека не ѝ било секогаш лесно да опстане во работата, бидејќи на многумина, како што вели, не им било јасно со што таа всушност се занимава, а тоа го откри дури сега. Особено ѝ пречи што не успеала да ги истакне своите таленти.

„Луѓето немаа разбирање за тоа. Велат ниту си пејачка, ниту си водителка, ниту актерка. Не им беше јасно што работам, а јас само сакав да ги испробам сите свои таленти и можности. Мултимедијалноста е препознатлива и повеќе не сум „сваштарник“ како што ме нарекуваа, така навредливо“ - се присети Сузана за „Гранд онлајн“ и нагласи дека никогаш не добила признание за својата работа.

„Јас ги водев најпрестижните манифестации, од Оскар на популарноста до разни фестивали и секогаш бев таа која ги најавуваше наградите, а јас останав без ништо“ - си призна Сузана.