Која е снаа на Драгана Мирковиќ: Бремената Мелани воодушевува со својата убавина, а еве како пејачката навистина прифатила

Добивај вести на Viber

Синот на познатата пејачка Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ е во емотивна врска со убавата Мелани Димитријевиќ, која наводно е во блажена состојба.


Атрактивната русокоса Мелани Димитријевиќ го привлекува вниманието на сите, а нивната врска беше тема на тамошните медиуми уште од првиот ден.

И додека за нив на големо се зборува, убавата Мелани е исклучително активна на социјалните мрежи, па често можеме да ја видиме како објавува фотографии во провокативни изданија со нејзината убавина и совршените облини во преден план.

Со оглед на тоа што е исклучително згодна и привлечна, Мелани никогаш не се двоуми тоа да и го покаже на јавноста, а судејќи по заедничките фотографии од неа и Марк, изгледа дека тој ја поддржува во тоа.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ кон крајот на март годинава замина во Италија со синот Марко и неговата избраничка Мелани, а поводот е посебен и прекрасен.

Тие беа гости на свадба, од каде споделија прекрасни заеднички фотографии.


Драгана Мирковиќ ја сподели објавата со краток опис на англиски: „Љубов“ и со тоа докажа дека ја поддржува врската на нејзиниот син и дека убаво ја прифатила новата снаа.

Извор: telegraf.rs