Тајната на Џесика Алба: Ослабев 27 сантиметри во обем, а не бев гладна

Џесика Алба раскажа за начинот на исхрана кој ѝ помогнал во обем да изгуби 27 сантиметри, откако имала проблеми со надуеност. Тогаш, американската актерка ја побарала нутриционистката Кели Левик, и сѐ се сменило.
Кели ја научила Џесика да ѝ пристапи на храната на нов начин, односно да ја прилагоди на тоа вистински да ужива додека јаде и по оброкот добро да се чувствува. Алба тврди дека згаубила дури 27 сантиментри во обем. Целиот труд кој Кели го вложила, е објавен во книгата "Body Love: Live in Balance, Weigh What You Want and Free Yourself From Food Drama Forever".
Левик се фокрусирала на тоа Алба да ја јаде храната која ја сака. За појадок, таа ѝ одредила смути, кој направил таа да се чувствува најадена и исполнета. „Зеленото смути со чија семе, авокадо, спанаќ и протеински прав е вистинското нешто“, вели нутриционистката.
„Бидете сигурни дека во вашата чинија се наоѓаат четири работи: протеини, здрави масти, влакна и зеленчук. Во комбинација, оваа храна регулира осум хормони на гладот и го оптимизира нивото на шеќер во крвта.
„Би било добро ако ја искористите комбинацијата на говедско месо и брокула, како и тиквички со ќофтиња. За физичка активност, уште го немам вистинскиот одговор. Важно е да се активирате тогаш кога ви е пријатно на начин кој ви одговара“, вели Левик. Таа додава дека целта да сме среќни и задоволни, а не исцрпени.