Тарабунов ви порачува: „Безвременска“ за убавинање на монотонија од коронавирус

Добивај вести на Viber

Кај нас, па дури и во светот музиката исто така трпи последици од пандемија.

Ама ако е пандемија, не значи дека не треба да се создава музика, уметност која обединува.

Поп пејачот Александар Трабунов- Тара токму во време на коронавирус реши да направи потег и да објави песна и спот. Песната се вика „Безвременска“, а одлиниот видео запис е поткрепен со кадри во кои се појавува манекенката Сара Дамчевска.

Тарабунов партиципира комплетно во своето ново музичко парче како автор во соработка со Зоран Зонде Стојановски, познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови.