Актуелно // Insta вести
„Те сакам“: Дарко Илиевски ја покажа ќеркичката Ана Ирена
- 05 Јули, 2024 13:41
Ќеркичката на Дарко Илиевски која има три месеци ужива во колевка од тантела, а тоа може да се забележи и по нејзината насмевка. Облечена во цветен комбинезон и голема панделка како украс на главчето, Ана Ирена изгледа како вистинска мала кукличка.
Пејачот го овековечи овој момент и го објави на својот Инстаграм профил, а на фотографијата напиша:
- Те сакам!
Инаку пејачот веќе долги години живее и работи во Америка заедно со својата сопруга и синчето.
Фото:Инстаграм