TINEX ја претставува новата мобилна апликација - Модерно и практично решение за сите лојални потрошувачи

Добивај вести на Viber

Tinex, еден од најголемите и најпрепознатливи малопродажни синџири во Македонија, секогаш ја става довербата на потрошувачите и квалитетот на услугата во фокус. Компанијата, која со своите маркети е присутна низ повеќе градови и секојдневно ја снабдува македонската трпеза со свежи и внимателно селектирани производи, постојано вложува во иновации и модернизација. Во таа насока, Tinex ја претставува својата нова мобилна апликација, осмислена да им овозможи на потрошувачите уште попрактичен и полесен пристап до програмата за лојалност – ПОЕН+ картичката.

Апликацијата е веќе достапна за преземање и претставува дигитална алатка која ги обединува сите придобивки на ПОЕН+ програмата во еден мобилен интерфејс. Корисниците можат да ја поврзат апликацијата со својата постоечка ПОЕН+ картичка или, доколку немаат, да креираат нова дигитална картичка со само неколку клика. Со тоа, повеќе не постои потреба од носење физичка картичка – доволно е да се скенира дигиталната верзија на каса за веднаш да се регистрираат поените.

Преку апликацијата, корисниците имаат постојан увид во својот поенски биланс и можат да ги користат собраните поени при купување, со што остваруваат директна заштеда. Дополнително, во секој момент се достапни и сите тековни акции, попусти и специјални понуди на Tinex, како и информации за брендови кои се дел од неговата богата понуда. На овој начин, потрошувачите секогаш се во тек со најдобрите можности за купување и може да ја планираат својата набавка уште поефикасно.

Со новата мобилна апликација, Tinex создава уште поблиска врска со своите потрошувачи и ја нагласува својата посветеност кон воведување на современи решенија кои го олеснуваат секојдневието. Воведувањето на дигиталната ПОЕН+ картичка е само уште еден чекор во насока на модернизација на малопродажбата и поставување на нови стандарди на пазарот.

Со својата долгорочна визија и фокус на иновации, Tinex останува посветен на тоа да биде прв избор на потрошувачите во Македонија, обезбедувајќи висок квалитет, разновидност и модерно купувачко искуство. Новата мобилна апликација за ПОЕН+ картичката е уште една потврда на таа мисија.

ПР објава